Џет-Сет
11. March 2017 - 21:47

Тимберлејк незадоволен што Адел ја добила наградата за Албум на годината

Пејачот Џастин Тимберлејк се разочарал на доделувањето на Греми наградите и смета дека Адел, оваа година, незаслужено победила во категоријата Албум на годината.

- Френк Оушн ме воодушеви со песните и навистина имаше најдобар албум, вели Тимберлејк.

Сепак, на неговиот колега Оушн не му пречеше што не беше во натпреварот за претсижната музичка награда.

- И така номинациите и системот на гласање секоја година се наместени, прокоментира Оушн.