Тилерсон: Санкциите не се против иранскиот народ

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон денеска изјави дека санкциите против Иран се насочени кон „малигното однесување", а целта е да им се помогне на Иранците да воспостават контрола врз властите.
Тој на прес-конференцијата во Њу Делхи, по разговорите со индиската министерка за надворешни работи Сушма Свараж, изјави дека нема да ги блокира „легитимните работи" на американските сојузници, како што се Индија и Иран.
Тилерсон истакна дека американското дејствување ќе ги ограничи „дестабилизирачките активности на Иран" во регионот, вклучувајќи го и развојот на балистички ракети, извозот на оружје на терористичките организации и вмешаност во конфликтите во Сирија и Јемен.
- Ние не се бориме против иранскиот народ, нашите несогласувања се со револуционерниот режим, потенцира Тилерсон.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
