Бизнис
13. May 2017 - 15:39

Тевдовски на средба со работници од источниот дел на Македонија

Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски на денешната средба во Штип со работнички и работници од источниот дел на Македонија разговарал за мерките што ќе ги преземе новата реформска влада за да им обезбеди достоинствена работа и егзистенција.

- Цело време се боревме минималната плата да ја зголемиме и еве пред да стартува владата, први вакви средби правиме со вас работниците, посочил Тевдовски.

Приоритет на новата влада, акко што додал, ќе биде покачување на платите, пред се на минималната плата. - Новата влада ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари и што е најважно тоа зголемување ќе важи за сите подеднакво, вклучително и за работниците од индустријата за текстил, облека и кожа. Секој кој работи во оваа индустрија ќе добие зголемување на платата од 2.400 денари, рекол Тевдовски.

Тој ги информирал дека и работодавачите од оваа индустрија ќе бидат финансиски поддржани од новата влада, за да може да го исплаќаат зголемувањето на минималната плата, со што ќе се осигураат работните места на луѓето.