Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Ново на Сител
-
Активни три пожари, еден е под контрола, а 17 се изгаснати
-
Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид
-
Народната банка и Централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети
-
Муцунски на средба со Македонците во Литлхамптон: Заедно градиме посилни врски и подобра држава
-
Одржана средба во Брисел за железничкиот Коридор 8
-
Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак
-
Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
-
Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини