Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици
Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов и повторно го осуди на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепана пресуда и го врати случајот на повторно судење.
Одлуката, како што информираат од Апелација е донесена на јавна седница одржана на ден 11.06.2025 година постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 481/25.
-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, се вели во соопштението од Апелација.
Сите јавни седници и расправи закажани за следната недела во Кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје се одлагаат, информираат денеска од Апелација.
Вака донесената одлука со образложени причини за истата, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Апелациониот суд Скопје во февруари годинава ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за претходното дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом и се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци, но Врховниот суд на 7 мај ја укина пресудата од 3 години и 10 месеци затвор во второстепената постапка и случајот го врати на повторно судење.
На 13 мај Васил Јованов, беше осуден на казна затвор од 12 години врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри