Бизнис
16. May 2024 - 19:42

Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори

Корупцијата, правната несигурност и неефикасната јавна админситрација се најголем проблем за германските инвеститори. Македонија е под просекот од сите земји каде работат германски компани. Иако на ниту една директно не и побарале мито, индиректно да. Најчесто преку неиздавање дозволи за работа или престој.

Иако е рано за новогодишни желби, од Германската Комора доставија список до новата Владата- бараат косултации пред да се донесат одредени закони кои влијаат врз работењето на бизнисот, поефикасна  администрација и поголема транспарентност.

- Иако е рано за Нова Година, ние би сакале да ги доставиме нашите новогодишни желби до новата Влада, а тоа се продолжување на отворениот дијалог, консултации со економските тела како коморите и економските здруженија пред да се носат законски измени кои би се одразиле врз работењето на компаниите, зголемување на ефикасноста во делот на административните процеси, како што се издавањето на дозволи за престој, дозволи за работа и поголема транспарентност во нивните процеси, како и продолжување и завршување на веќе започнатите инфраструктурни проекти, рече Антје Ванделт, раководител на Управен Одбор на Македоснко Германско Здружение . 

Од 200 комапнии со германски капитал кои работат кај нас и вработуваат 20,000 лица, секоја трета изјавила дека не би ја обрала Македонија ако треба да инвестира сега. Како најголем проблем е недостигот на квалификувана работна сила, која директно влијае на тековното производство, ги приморува компаниите да одбиваат нарачки, но и да ги намалат планираните инвестиции.

Дури 37% од анкетираните изјавиле дека оваа година помалку ќе инвестираат од планираното. Повеќе од половината сметаат и дека трошоците за работна сила им ризичен фактор, особено кога има зголемување на минималецот, така што долгорочно не можат да ги планираат расходите за вработените. Над половината од компаниите, односно 51% моменталната економска состојба ја оценуваат како лоша, а само 10 отсо – добра.