Бизнис
17. July 2024 - 21:17

Усвоен ребалансот на буџетот - како да се намали дупката од над 500 милиони евра?

Буџетската дупка може да се намали само со сериозни реформи, а за јавниот долг ќе бидат потребни децении, вели економскиот аналитичар Абил Бауш. Според него, буџетот треба добро да се планира оти ребаланс се прави само во исклучителни ситуации, но сега е нормално бидејќи власта е нова. Сепак, тој и во ребалансот препознава непотребни трошоци.

Имаме категорија на трошоци кои се нелогични, но не гледам и во ребалансот дека се тргнати. Продолжува истата работа само што капиталните инвестиции се намалени. Нови министерства, агенции, јавни претпријатија, па сега имате пари кон општините. Најцентрализирана држава сме во светот. Не правиме реформа на децентрализација да направиме одржливи општини, им даваме средства па тие после градат проекти кои не се оние кои треба да направат одржлива економија“ – Абил Бауш, економски аналитичар

Оваа година ќе биде тешка, но следната 2025-та ќе биде добра, прогнозираше професорот Синиша Наумовски кој беше гостин во тема на денот на Сител.

Оваа година ќе биде тешка и тоа владата го констатира на некој начин. Ефектите ќе се чувствуваат и во 2025 година. Очекувањата се дека оваа година ќе се закрпат дупките и ефектите од задолжувањата кои се претходно. 2025-та ќе биде добра година и владините проекции за таа година ќе бидат на повисоко ниво од тоа што се сега“ – Синиша Наумовски, проферсор

Ребалансот помина во Влада, а Буџетот ќе тежи 5,8 милијарди евра.