Тевдовски: 2017 година на пресврт за економијата и граѓаните
СДСМ денеска претстави пет промени од партискиот план за економијата, со кои, како што истакнуваат, планираат да овозможат поддршка за домашните претпријатија.
Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ и член на партискиот извршен одбор, изјави дека 2017 ќе биде година на пресврт за македонската економија и граѓаните, а домашните претпријатија ќе може да отвораат работни места и да даваат повисоки плати.
- Испланиравме 140 милиони евра директна државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија (МСП). Ќе ги поддржуваме инвестициски проекти на фирмите, изјави Тевдовски.
Планираат да поддржат, како што рече, отворање работни места во домашните фирми, да го олеснат нивното функционирање, да креираат деловни старт-ап центри во сите поголеми општини, и да ги вратат долговите на државата кон домашните фирми.
Ново на Сител
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот