Македонија
7. July 2024 - 16:35

Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда

Поради јаки притисоци од Бугарија се случиле  такви пописни резултати во Албанија вели првиот човек на Статистика. Симовски во интервју за Радио Слободна Европа вели активностите биле интезивни од бугарските структури и очекувал вакви резултати и тоа не го гледа како пропуст на Албанија. Вели дека знае многумина наши  дека се пишале како бугари а истите потоа се јавуваат како најголеми националисти.

Многу е интензивна таа пропаганда, која што не носи добро никому. За жал се случува и за жал многу луѓе пред се од економски, но понекогаш и од лукративни причини го прифаќаат. А тука не можеме да се мешаме, сепак тоа е многу лично. Она што мене лично нај повеќе ми пречи истите тие луѓе се појавуваат како најголеми бранители на националното чувство, а го сториле спротивното.

Симовски смета дека пописот може да се повтори но тоа е многу скап процес кој зависи единствено од политиката на владата во Тирана.

 - Знаете, но тоа се прескапи операции. Но она што сум сигурен и не можам да ги обвинам моите колеги во Албанија дека по правилата, методолошките решенија, сите стандарди кои се ставени, а ги знам сите до еден, дека некој од нив влијаел на податоците. Тоа сепак е исклучително лично изјаснување. Вие не можете некого со сила да го натерате, ама чекајте, до сега немало Бугари и не смеете да се изјасните така – појаснува Симовски.

На пописот во Албанија за прв пат се регистрирани околу 8000 бугари, додека пак како  македонци се изјасниле 2281лице, нивниот број е преполовен од податоците на претпоследниот попис.  Откако се спроведува оваа статистичка операција во Албанија до сега никогаш ниту еден албанец не се изјаснил како бугарин. Шефот на македонската дипломатија Муцунски по ваквиот попис, го повика на консултации нашиот амбасадор во Албанија, да разговараат за недостатоците и да ги разгледаат можностите за корекција на направените  пропусти.