Тетовската полиција предупредила 177 луѓе за неносење маски
Од 1 до 10 мај колку што трае мерката за задолжително носење маска 177 лица се писмено предупредени за непочитување на наредбата за користење на заштитна опрема на подрачје на Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти денеска тетовската полиција.
Воедно, евидентирано е дека две лица во Тетово за изминатите 24 часа не ја почитувале одлуката за ограничено движење. Тие биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
-Двете лица ќе се соочат со делото ,,непостапување според прописите за време на епидемија по член 206 од Кривичен законик, информираат од канцеларијата за односи со јавноста.
Според статистичките податоци во СВР Тетово, полициските службеници, исто така, евидентирале дека во овој период, 141 човек се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, додека решенија за самоизолација потпишале 28 луѓе.
Во овој период се контролирани 124 лица кои потпишале изјава за самоизолација.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица