Тетово ќе добие нов водоснабдителен систем
Дополнителни 200 литри вода во секунда ќе се обезбедат со новиот водоснабдителен систем во Тетово што треба да биде завршен до крајот на годинава.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ќе го посети локалитетот каде се изведуваат градежните активности од втората фаза за изградба на новиот водоснабдителен систем во Тетово.
Досега се реализирани 80 проценти од изведбените работи на проектот.
Системот опфаќа 8,5 километарски довод од собирна комора – „Лешница” до собирна комора – „Студена Река”. Вкупната вредност на договорот е 115 милиони денари обезбедени од Владата на РМ од кои досега Министерството за животна средина и просторно планирање има исплатено 67 милиони, што е околу 60 проценти од вкупната вредност на проектот.
- Рокот за реализација на проектот е 14 месеци и се очекува негово завршување во декември 2015. Со реализација на овој проект ќе бидат обезбедени дополнителни 200 литри во секунда со што ќе се реши огромен проблем со кој се соочува населението во Тетово, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути