-->
-->
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус
-->
На 23.01.2025 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која што патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(65) од Скопје, удрило во паркиран автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, претходно управуван од Д.С.(56) од село Крушопек, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот, Л.П.С., а повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење