Македонија
15. September 2025 - 8:04

Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје.

Како што информираат од МВР, уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје.

 

МИА

Ново на Сител