Тешко повреден пешак во Скопје
Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а во три е причинета материјална штета.
Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест поминале на црвено светло на семафор, а 15 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се 34 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 42 возила.
Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.
Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“ во општина Кисела вода. гв/лв/09:11
Ново на Сител
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154
-
Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант