Македонија
3. August 2017 - 14:54

Трагедија ја потресе Македонија: Маж се удави во Преспанско

Вчера околу 13 часот и 30 минути во близина на село Долно Дупени-ресенско, во Преспанското Езеро, бил пронајден удавен 53- годишниот Р.А од Прилеп. Полициски службеници од полициската станица -Маркова Нога го извадиле телото од езерото. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Ресен.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.