Тешка сообраќајна несреќа кај Македонски Брод, тешко повредени сопатнички
На 27.10.2023 во 16.33 часот во СВР Битола е пријавено дека на локалниот пат за с.Грешница, Македонски Брод кај место викано „Каменица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.П.(67) од с.Модриште, Македонски Брод, а во кое сопатничка била Л.П.(67) и патничко моторно возило „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(58) од Македонски Брод, во кое сопатничка била М.Н.(44).
По несреќата возачот С.Н., неговата сопатничка М.Н. и сопатничката во другото возило Л.П. се пренесени во болница во Прилеп каде од лекар на Л.П и се констатирани тешки телесни повреди, а на С.Н и М.Н. им се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“