-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Штип - Радовиш, четири лица повредени
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила влера околу 10 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш. Според информациите на МВР, патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици управувано од страна на 50-годишниот Д.Ј. од Штип, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.З. (63) и С.З. (70), а со телесни повреди се здобиле Д.Ј. и сопатничката Л.Ј.(47) од Штип.
На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови