Тешка сообраќајка кај Стење - повредени две лица
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 18,15 часот, според информациите на полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Стење-Ресен кај местото викано „Вича“ се случила незгода помеѓу трактор со прикачени две лесни приколки, управувано од З.Г. (48) од с.Дрмени-ресенско, патничко возило “Југо“ со ресенски регистерски таблици, управувано од Ф.Д.(50) од с.Стење-ресенско, како и патничко возило “Фоклсваген Голф“ со охридски регистерски таблици управувано од Д.Н. (39) од Ресен.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Д. по што бил пренесен во Клиничката Болница во Битола каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата