-->
-->
Тери останува во Челзи
-->

Капитенот на Челзи, Џон Тери, нема да го напушти „Стенфорд Бриџ“, тој во средата потпиша нов едногодишен договор. Одлуката капитенот да остане во клубот била донесена по состанокот кој Тери го имал со новиот тренер Антонио Конте и сосптвеникот Роман Абрамович.
„Одушевен сум што потпишав нов договор. Сите знаат дека целосно му припаѓам на Челзи. Веќе и се радувам на наредната сезона, во која влегуаме со нов тренер и се надевам дека истата ќе биде успешна. Морам да им се заблагодарам на навивачите и за нивната постојана поддршка. Вие сте најдобрите навивачи во светот“, рекол Тери.
Џон Тери е вистинска легенда на Челзи, наредната сезона ќе биде негова 22-ра во клубот, во кој пристигна на 14-годишна возраст.
Тери во кариерата одиграл 703 натпревари за „сините“, што е рекорд на Челзи, а како капитен ја предводел екипата на 570 натпревари.
Дебитирал за првиот тим во 1998 година, а со Челзи ги освоил сите трофеи во клупскиот фудбал, има по една титула во Лигата на шампионите и Лига Европа, четири во Премиерлигата, пет во ФА купот и три во Лига купот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
-

Помалку повреди и смртни случаи на работа преку нов проект финансиран од ЕУ
-

Помалку пари за ретки болести предвидени за идната година
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
