Тереза Меј во посета на Анкара во обид да ги зајакне односите со Турција
Британската премиерка Тереза Меј по средбата во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја посети Анкара, со цел зајакнување на британско-турските односи пред планираното излегување на Обединетото Кралство од Европската унија.
Меј ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим, за разлика од другите европски лидери кои не многу склони да ја посетуваат Турција по масовните чистки, преземени од властите по неуспешниот обид за пуч од 15 јули минатата година.
Турција, која е официјално кандидат за членство во ЕУ, го смета Лондон како еден од нејзините најголеми поддржувачи во Унијата. Но референдумот за Брегзит во 2016 година ја лиши Анкара од тој нејзин сојузник и сега двете земји се обидуваат да создадат нова динамика во односите надвор од ЕУ.
Со оглед на тоа што Меј планира да го повлече Обединетото Кралство од единствениот европски пазар, Лондон сега е жеден за склучување трговски односи со партнери надвор од Унијата.
Главни теми на посетата на Меј на Анкара ќе бидат зајакнувањето на соработката во областа на безбедноста и воспоставување нови трговски односи.
Според податоци на турското Министерство за надворешни работи трговската размена меѓу двете страни изнесува над 16 милијарди долари во 2015 година.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час