-->
-->
„Темни деноноќија“, нова поетска книга од Матеја Матевски
-->
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат поетската книга „Темни деноноќија“ од Матеја Матевски. На страниците од своето најново дело, познатиот поет застапува шеесетина песни напишани во 2015 и 2016 година.
Во поговорот насловен „Поетските визии на Матеја Матевски во книгата Темни деноноќија“, поетот и литературен критичар Јовица Тасевски Етернијан, констатира дека „низ страниците се преплетуваат вечните и актуелните теми, инвентивно прикажани од специфичен поетски аспект.“
Матеја Матевски (Цариград,1929) е водечко име во современите текови на македонската литература. Автор е на дваесет и четири стихозбирки, на шест книги со критики и есеи, а превел над шеесет книги од шпански, француски, словенечки, српски и други јазици. Добитник е на бројни национални и меѓународни признанија. Во 2011 година беше носител на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки