Македонија
15. March 2025 - 16:45

Нема алтернатива за ЕУ

За премиерот нема алтернатива ниту откажување од европската перспектива за државата. Мицкоски вели дека нема да се откаже од преговарање и ќе ја користи секоја прилика да ги убеди во Брисел дека го заслужуваме местото во европското семејство.

Премиерот вели факт е дека во моментов имаме опструкции на евроинтегративниот пат кои немаат никаква врска со европските вредности но како влада нема никогаш да се откажат.

Премиерот порача дека сега на ЕУ е да одлучи дали сака овој регион и нашата држава да ги види во европското семејство.