Македонија
15. March 2025 - 16:44

Какви цени нуди Охрид

Охрид, познат по својата убавина и културно историско наследство, секоја година привлекува голем број туристи , но многумина се жалат на високите цени кои се задржуваат дури и по завршувањето на туристичката сезона. Туристичките работници и водичите  пак, тврдат дека цените во објектите се слични со останатите туристички центри и дека високите цени се само во рестораните и кафулињата на брегот на езерото и во чаршијата.

Од туристичките агенции од нашето соседство велат   дека цените кои се нудат во аранжманите се поволни.

Оваа ситуација го поттикнува прашањето дали Охрид станува премногу скап за просечниот посетител, дури и во месеците кои традиционално се сметаат за пониска туристичка сезона.