Теленор го отфрли Хуавеј и го избра Ериксон за 5Г
Најголемиот норвешки оператор за безжична телефонија, „Теленор“, ја избра шведската фирма „Ериксон“ за испорака на дел од опремата на својата нова брза 5Г мрежа, со што стави крај на десетгодишната соработка со кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“.
Компанијата вчера објави дека постепено ќе ја отстранува опремата Хуавеја додека ја надградува радиоопремата за следната генерација на мобилна мрежа.
„Теленор“ изврши обемна проценка на безбедноста при изборот на партнер, имајќи ги предвид факторите како што се технички квалитет, комерцијални услови и способноста за иновација и модернизација, информираше извршниот директор на „Теленор Груп“ Сигве Бреке.
– Врз основа на сеопфатна проценка, решивме да воведеме нов партнер за оваа важна технолошка промена во Норвешка, рече Бреке.
„Теленор“ соопшти дека ќе продолжи да ја користи опремата од кинеска компанија за време на транзицијата во нова мрежа во следните четири до пет години.
Теленор има мобилни мрежи во нордиските и други европски земји и Азија.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени