Телеком доби меѓународен сертификат за квалитетот на мобилната мрежа
Македонски телеком го доби сертификатот Р3 „Best in Test“, добиен по извршеното тестирање од компанијата P3 Communications. Според комапнијата ова е меѓународно признат сертификат за квалитетот на мобилната мрежа.
- Независното истражување, спроведено во ноември годинава, потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати за мобилен интернет и за говорни услуги. Оваа година, компанијата го достигна највисокиот резултат постигнат во Македонија, со 901 од 1000 можни поени. P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар, соопштуваат од Македонски телеком.
Покрај ова, истакнуваат од Македонски телеком, и резултатите добиени од истражувањето на агенцијата „Брима“ покажале дека најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања.
Според истражувањето корисниците сметаат дека Телеком има најдобар квалитет на говорни услуги, но и најстабилен и најсигурен мобилен и фиксен интернет.
- Ова признание ни е посебно драго затоа што доаѓа од корисниците и е резултат на постојаните инвестиции во мрежата и во новите технологии. Планираме и понатаму да продолжиме со инвестиции, кои не само што ќе овозможат најдобри и најиновативни услуги, туку и ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството, истакнува Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.
Ново на Сител
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево