Телефонски разговор на претседателите Пендаровски и Радев
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, при што му честитал за стапувањето на должноста и му посакал успешен мандат.
Најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија, биле темите на кои разговарале Пендаровски и Радев.
– Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Македонија за негово интензивирање во наредниот период, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на шефот на државата Пендаровски .
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, се подвлекува, двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
