Телефонски раговор Путин-Обама посветен на Сирија
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама денеска разговараа телефонски за прашања поврзани со начините за решавање на сирискиот конфликт и за други актуелни теми од светската политичка сцена, соопшти Кремљ.
Како што јави ТАСС, Путин и Обама се договориле за интензивирање на дипломатската и други видови соработка, со цел спроведување на договорот за прекин на огнот во Сирија, постигнат во четвртокот во Минхен.
Во разговорот Путин го истакнал значењето на заедничката борба против терозимот, при што не би требало да бидат применувани двојни стандарди.
Во соопштението се нагласува и дека Путин укажал на неопоходноста од побилска соработка „меѓу одбранбените служби на Русија и САД во борбата против т.н. Исламска држава“.
Путин се осврнал и на состојбата во Украина при што изразил надеж дека „Киев ќе преземе практични чекори во спроведувањето на своите обврски од мировниот договор од Минск“, со кој се предвидува прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во реоните на Доњецк и Луганск.
Ново на Сител
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава