Македонија
3. November 2017 - 8:15

Тече рокот за жалби до Управниот суд по одбивањето на приговорите од ДИК

- Државната изборна комисија ги одби сите приговори за вториот круг од локалните избори, а против одлуката на ДИК, подносителите на листите имаат можност да достават тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. 

Управниот суд е должен по жалбата да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК вчера на седница ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори. Од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА, 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имале исти наводи и се однесувале на општина Чаир.

Отфрлени се сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот од НДМ. Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците, ДИК се отфрлени како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден