Тече рокот за жалби до Управниот суд по одбивањето на приговорите од ДИК
- Државната изборна комисија ги одби сите приговори за вториот круг од локалните избори, а против одлуката на ДИК, подносителите на листите имаат можност да достават тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.
Управниот суд е должен по жалбата да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
ДИК вчера на седница ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори. Од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА, 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имале исти наводи и се однесувале на општина Чаир.
Отфрлени се сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот од НДМ. Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците, ДИК се отфрлени како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден
Ново на Сител
-
Бајрами не е избеган, само не живее во државава, вели неговиот адвокат
-
Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија
-
Почесниот конзул на Косово на информативен разговор во полициска станица Карпош, се поврзува со бегството на Груби
-
Инфлацијата во еврозоната расте помалку отколку што беше првично проценето
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Од 1 јануари поскапа струја во просек за 0,92 проценти
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога