-->
-->
Тече конкурсот за запишување на идни пилоти за потребите на МО и АРМ
-->
Отворен е конкурсот за запишување на идни пилоти за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Конкурсот што го распишува Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, ќе трае до 18 декември годинава.
На објавениот конкурс можат да се пријават сите на возраст до 28 години, со завршено високо образование и добра психофизичка состојба.
По завршување на конкурсот ќе бидат одбрани осум кандидати, кои 18 месеци интензивно стручно ќе се оспособуваат и усовршуваат за пилоти по родот авијација.
Подетални информации за конкурсот и обуката сите заинтересирани ќе можат да добијат на „Денот на отворени врати“ што ќе се организира на 5. декември 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски