Македонија
11. November 2015 - 10:21

Тече конкурсот за запишување на идни пилоти за потребите на МО и АРМ

Отворен е конкурсот за запишување на идни пилоти за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Конкурсот што го распишува Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, ќе трае до 18 декември годинава.  

На објавениот конкурс можат да се пријават сите на возраст до 28 години, со завршено високо образование и добра психофизичка состојба. 

По завршување на конкурсот ќе бидат одбрани осум кандидати, кои 18 месеци интензивно стручно ќе се  оспособуваат и усовршуваат за пилоти по родот авијација.

Подетални информации за конкурсот и обуката сите заинтересирани ќе можат да добијат на „Денот на отворени врати“ што ќе се организира на 5. декември 2015 година.