Спорт плус
25. July 2020 - 19:41

ТЦР Шампионат: Иџе ќе стартува 7-ми на „Гробник“

Најдобриот македонски рели возач Игор Стефановски Иџе конечно ќе може да ја започне сезоната во ТЦР шампионатот на Источна Европа откако денеска се појави во квалификациите за трката на автодромот Гробник кај Ријека и ја освои 7-тата стартна позиција.

              Откако не успеа да се пробие до Италија и да настапи на трката на Муџело, Стефановски се префрли во Хрватска каде утре во Риека се вози нова трка од ТЦР шампионатот.

        Иако пандемијата и прави проблеми на учесниците особено околу минувањето на границите на патеката гробник ќе се појават најдобрите возачи на чело со шампионот Милован Весниќ како и големите ривали Гали и Душан Кушил Јуниор.  Во ваква силна конкуренција на вкупно 17 натпреварувачи  Иџе денеска го освои седмото стартно место што му ветува добар пласман на утрешното издание.  Како и секогаш на програмата ќе бидат две трки.

        Настапот на Гробник ќе биде увертира за главната трка сезонава а тоа е трката на Италија која ќе се вози следниот викенд и е омилена меѓу возачите- изјави Стефановски за медиумите.