Македонија
24. February 2016 - 12:42

Тажна вест: Почина легендата на македонското Собрание

Вчера во вечерните часови почина легендата на македонското Собрание, Зоки.
 
Новинарите кои деновите ги минуваа во бифето во прес центарот на Собранието добро го познаваат неговиот лик. Вовлечен зад шанкот, Зоки ги знаеше сите новинарски муабети. Таму работел од осамостојувањето на Македонија служејќи ги со кафе сите кои ќе свратеа во неговото бифе. Беше ценет и почитуван и од пратениците.
 
Новинарите ќе се согласат дека без него, бифето пред прес центарот никогаш нема да биде исто.

zoki
Почивај во мир.