На објавеното видео се гледа како полицијата и форензичарите носат обезглавено тело од подрумот на зградата кое биле покриено со кеси за ѓубре.
Како што се гледа, таткото и синот, блечени само до пола, се уапсени во нивниот стан.
“Кога погледнав прв пат, ми се причини дека телото е без глава. Погледнав повторно и навистина беше така“, рече една од исплашените станарки Александра Гребејник.
Жртвата е поранешен полицаец, кој исчезнал од својот стан на 4. октомври. Пред тоа е виден како пие во друштво на двајца мажи. Утврдено е дека е убиен со убод во вратот.
Синот (20) раскажал дека неговиот татко сечел „месо“ од нозете и ребрата и го сварил. Потоа го изеле.
Телото го исфрлиле од станот, зошто, како што навеле, им доаѓале роднини кои останале кај нив неколку дена. Главата, меѓутоа ја задржале во кутија на терасата.