Тасевски: Изолиран случај рачната бомба пред кафулето во Прилеп

Безбедносната состојба во Прилеп е поволна. Вчерашниот случај со пронајдената неексплодирана рачна бомба пред кафуле во центарот на Прилеп е изолиран за кој постојат одредени индиции, смета директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски кој денеска се сретна со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и командирот на прилепската полициска станица Кире Спиркоски.
Тасевски, Јовановски и Спиркоски заеднички констатираа дека Прилеп е безбеден град и дека состојбата е под контрола.
Според Тасески, се преземаат сите потребни истражни дејства за што побрзо решавање на случајот и се работи на анализата на обезбедените информации и на податоците кои, како што напомена, ќе овозможат Министерството поскоро да излезе со конкретни информации за овој немил настан.

Тасески истакува дека анализите на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека безбедносната состојба во Прилеп е поволна. Без разлика што за време на манифестацијата „Пивофест“ што ќе се одржува од 18 до 21 месецов во градот ќе пристигнат голем број посетители од другите градови на државава, но и од странство, Министерството е подготвено да го одржи јавниот ред и мир. Тасевски уверува дека се направени сите неопходни планови и подготовки, кои гарантираат дека од безбедносен аспект, манифестацијата ќе помине во најдобар ред и без никакви проблеми.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
