Таравари и ФЗОМ ќе бараат решение за проблемот со ЕЗК
Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека е можно распишување тендер за избор на фирма која ќе печати нови електронски здравствени картички (ЕЗК), поради тоа што на поголем број од граѓаните картичките им се неважечки, а дел ги немаат добиено.
Тој на средба со новинари информираше дека денеска ќе има состанок со директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на кој ќе стане збор за начините за надминување на проблемот со ЕЗК.
- Сакавме ова да го решиме така што ќе биде три во едно, односно лична карта, возачка и здравствена картичка во едно. Но, од МВР ме информираа дека технички е возможно заедно да бидат само лична карта и здравствена картичка. Така што, тоа ќе го направиме, но тоа ќе биде процес кој ќе трае во наредните две до три години. Дотогаш ќе мора да печатиме нови картички, додаде Таравари.
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani