Талибанци: Авганистан може да се претвори во нова гробница за САД
Авганистан може да се претвори во нова гробница за САД доколку тие не ги повлечат своите војници оттука, предупредија талибанците откако американскиот претседател Доналд Трамп ја претстави новата стратегија на Вашингтон за Авганистан.
- Ако САД не ги повлечат своите војници од Авганистан, земјата наскоро ќе се претвори во нова гробница за таа суперсила на 21. век. Американските лидери треба тоа да го разберат, се наведува во соопштението на талибанците.
Претходно, талибанскиот портпарол Забиула Муџахид изјави дека стратегијата на Трамп за Авганистан е „нејасна и застарена“, додавајќи дека Трамп во својот говор не кажал ништо ново.
Американскиот претседател нагласи дека првично сакал да нареди повлекување од Авганистан, но потоа објасни дека избрзаното напуштање на Авганистан може да создаде вакуум, од кој најголема корист ќе имаат терористите на Ал Каеда и т.н. Исламска држава.
Според висок претставник на Белата куќа, Трамп му дозволил на Пентагон да распореди дополнителни 3.900 американски војници во Авганистан.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис