Македонија
16. September 2019 - 10:41

Талат Џафери: Собранието ќе ги слушне младите

„Парламентот е вашето место каде што вашите иницијативи, предлози ќе бидат слушнати, а ќе обединат и пратеници од различни партии и различни етнички заедници“. Ова е пораката која претседателот на Собранието Талат Џафери им ја испрати на младите по повод Меѓународниот ден на демократијата.

- Охрабруваме и поздравуваме различни видови на младински активизам и придонес за општеството, затоа што веруваме во демократија, без формите на активизам и без активно учество на граѓаните, пред се на младите во процесите на креирање на политики, е ранлива и секогаш на раб на опстанок - рече Џафери.

Младите, претставници од над 10 средни училишта, пак на посебни табли испраќаа пораки што значи демократија за нив. Бараат еднаквост по сите основи.

Катерина Нешкова