Тајмс: Американски ракети со долг дострел најверојатно ќе се користат во борбите во Курск
Откако американскиот претседател и одобри на Украина да ги употребува американски ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко на руска територија, Киев најверојатно првично ќе ги гаѓа руските и севернокорејските војници кои се борат против украинските сили во регионот Курск во западна Русија, пишува британски Тајмс, повикувајќи се на американските медиуми.
Официјални лица рекоа дека овластувањето за употреба на американски ракети АТАКМС, за кое долго се дискутираше во Вашингтон и за кое се заговара во Киев, е одговор на потегот на најмалку 10.000 севернокорејски војници да ги поддржат руските сили на границата со Украина, смета Тајмс.
Извори од Даунинг стрит изјавија за лондонскиот весник дека ракетите ATACMS имаат поразлични воени спецификации од ракетите Storm Shadow, чија употреба на Киев му беше одобрена од Франција и Велика Британија веднаш по одлуката на САД за користење на ракетите ATACMS.
Ова може да значи дека САД нема да ја одобрат употребата на ракетите Storm Shadow, и покрај барањата на украинската влада надвор од јавните канали, додава Тајмс.
Иако ракетите Storm Shadow се од ОК, тие имаат американска технологија, која бара претходно одобрение за употреба.
Според Њујорк Тајмс, Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден вчера ја овластила Украина да ги користи крстосувачките ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко на руска територија, а потоа, како што објави Фигаро, и Франција и Велика Британија, дозволија употреба на ракетите SCALP/Storm Shadow.
Ново на Сител
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства