Балкан
23. јуни 2017 - 11:27

Тага до небо, Милош погребан во бел ковчег: Татко му се разбуди од кома, но не знае за смртта на синот

Иштван Макша, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во Бугарија вчера се разбуди од кома. Иштван вчера би тргнат од апаратите и дише со своите бели дробови.

-Тој дише самостојно. Свесен е и моментално не е животно загрозен и очекуваме пообрување на неговата здравствена состојба, вели д-р Радмило Јанковиќ, директор на Центарот за анестезија на Клиничкиот центар во Ниш.

Таткото сепак не знае дека синот му загинал во страотна несреќа и дека вчера е погребан. Милош Макша (14) испратен е вчера кон вечното почивлиште во бел ковчег.

Било неизвесно кога ќе биде погребано детео, зошто семејството сметало дека одлуката за тоа треба да ја донесат неговите родители, таткото Иштван (41) и мајкаа Дравка (39), кои по несреќата завршиле во кома.

Роднините на семејството Макша морале на крајот да одлучат за погребот, и момчето е погребано вчера во 12 часот на гробиштата во Врбас. Покрај ковчегот на настраданиот Милош примаа сочуство. Децата и возрасните носеа по една бела ружа и ја оставаа покрај одарот.

Пред почетокот на опелото пред капијата се слушаа само воздишки и тивки коментари: „Ова е страшна трагедија, кутрите луѓе што ги снајде“. Опелото го служеле 3 православни свештеници.

-Семејството, пред се бабата и дедото на Милош од страната на таткото и бабата од страна на мајката одлучика тој да биде погребан, зошто не се знаеше кога Иштван и Дада ќе се разбудат од кома. Тие двајцата, како и малиот Марко (5), кој во сударот се здоби со потрес на мозок, не знаат дека Милош почина. Единствено за смртта на Милош знае постариот брат Михајло (17) кој одби да го прифати тоа и постојано повторува: „Не тоа не е вистина!“, вели стрикото на Иштван, Јанош.

Од Милош во име на учениците и наставниците се прости неговиот класен раководител.

-Кога ќе умре дете, не постојат зборови да се искаже трагедијата. Остана празно столче во клупата, рече класниот.

Додека беше служено опелото, му се слошило на другарот на Милош, кого го повратиле така што го замиле со вода. Едно девојче тешко го поднело тоа што го гледало белиот ковчег на Милош и за малку ќе паднела во несвест. Во тој момент на гробиштата одзвонувал лелек и плач од неговата баба: „Леле, моето дете“. Црковните ѕвона го означија крајот на опелото. Тажната колона немо чекорела до вечниот дом на Милош.

Тишината ја параше фрлањето земја која ожалостените ја фрлаа врз белиот ковчег. Братот Михајло со стисната вилица, ја вртеше главата и тивко збореше: „Не можам повеќе!“