Тачи:Договорот е само рамка,треба да се договорат многу работи
Од утре ДПА на плоштадот во Тетово ќе одбројува 229 дена колку што и останува ДУИ за да ги реши проблемите додека е дел од власта, најави на денешната прес-конференција Мендух Тачи, лидер на ДПА.
- Што правеа ДУИ 12 години на власт, кога Ахмети сега вели дека сите суштински барања на Албанците ги поставил сега на маса. Не навратувајќи се на изјавите кои ги има дадено пред 5 - 6 години дека 95 проценти од Охридскиот Договор е остварен, изјави Тачи.
За претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Тачи рече дека не треба да заборави оти и тој како дел од власта е одговорен за политичката криза.
На прашањето зошто ДПА се согласила со договор од 15.јули, Тачи со одговор дека тоа е единствениот пократок пат да им се овозможи на Албанците брзо да дојдат во ситуација на гласање против структурата на Ахмети, да ја зајакнат позицијата на ДПА со уверување дека сите барања ќе бидат дел од преговорите за формирање на следна влада.
Според Тачи, договорот потпишан на 15. јули е само рамка во која треба да се договорат уште многу работи.
Претходно во седиштето на ДПА во Тетово беше одржана средба на Мендух Тачи и шефот на мисијата на ОПСЕ во Македонија Маријан Берец.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати