Тачи-Хоти: Нема да се дозволи дијалогот со Србија да се спушти на техничко ниво
Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека земјата нема да дозволи преговорите за нормализација на односите со Србија да се спуштат на техничко ниво, додека „целиот процес треба да заврши со меѓусебно признавање и целосно почитување на територијалниот интегритет“ на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.
Обраќајќи им се на новинарите по денешната средба со премиерот Авдулах Хоти, Тачи рече дека „за земјата и за општеството е многу битно соработката меѓу иснтитуциите да биде ефикасна“.
– Во тие рамки беше и денешната средба со премиерот Хоти. Од витално значење е да се случи оваа меѓуинституционална соработка. Го поздравив именувањето на Скендер Хисени (за национален координатор за дијалогот со Србија). Важно е тој дијалог да се случи, затоа што само со дијалог, средби и добрососедство Косово може да се движи напред кон европската перспектива, изјави Тачи.
Хоти изијави дека го информирал претседателот за досегашниот тек на настаните во врска со обновувањето на преговорите со Србија, за неговиот престој во Париз, видеоконференцијата на која учествуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, шефот на дипломатијата на Европската унија Жозеп Борел и посредникот на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак, како и за средбата со Вучиќ на 16 јули во Брисел.
– Ќе се осигураме сите заедно дијалогот да не се спушти на техничко ниво. Се трудиме да се координираме и со нашите меѓународни партнери. Мислам дека ова е мошне добар момент, бидејќи го имаме вниманието на клучните држави на ЕУ, но и на САД. Верувам дека за неколку месеци дијалогот може да се затвори, изјави Хоти.
Претседателот и премиерот информираа дека разговарале и за тоа како подобро и полесно да се надмине состојбата со епидемијата на Ковид-19, како и за прашања од економскиот развој.
Ново на Сител
-
МВР: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи
-
Тетовчанец управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час
-
Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Мерко ослободен за набавката на аудито
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар