Таа е братучетката на убиената Јелена и со својата убавина го освојува светот
Бојана Крсмановиќ по потекло е од белградската населба Крњача, а веќе стекна светска слава.
Додека беше девојче другите и зборуваа дека е машкуданка, а денеск важи за една од најсексапилните жените во светот.
Откако го освои европскиот пазар, реши својата кариера да ја гради во Америка.
Отскочна даска и беше кампањата во Барселона, по што беше повикана во Лос Анџелес.
Пробното снимање во овој американски град помина одлично и Бојана е повикана да ја продолжат соработката.
Со моделинг се занимава од 14. година, а поради своите облини и убавината главно е разголена на фотографиите, но и на ревиите.
Признава дека многупати и било советувано да ослабне, но таа не сака зошто така ќе ја загуби својата посебност.
Оваа убава Србинка на Инстаграм ја следат речиси 85.000 корисници, а таа нив секојдневно ги чести со секси фотографии.
Иако речиси секој втор месец е во странство, ја сака својата земја и зборува дека живее во Белград.
Инаку, таа е братучетка на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ќерка на стрикото на пејачката, а кога исчезна, манекенката од Америка ги алармираше сите за да ја пронајдат што поскоро.
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“