СЗО со предупредување до Бразил да не ја отвора економијата
Светската здравствена организација го предупреди Бразил да не ја покренува својата економија пред да може да тестира доволно луѓе за да се контролира ширењето на коронавирусот.
Извршниот директор на организацијата за вонредни ситуации, Мајкл Рајан на прес-конференција рече дека интензивната стапка на трансфер значи дека Бразил треба да задржи во сила некаква форма на мерки за останување дома, без оглед на негативните последици по економијата.
Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Кривеља, кој е и евангелски епископ, рече дека ќе ги вклучи верските институции во списокот на „основни услуги“.
Тоа значи дека црквите ќе можат да ги отворат своите врати, но верниците ќе мора да задржат растојание од најмалку два метра, и покрај препораките дека луѓето остануваат дома и дека повеќето бизниси остануваат затворени.
Во меѓувреме, гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија го отфрли воведувањето целосен карантин во најголемата економија во Бразил и најави дека на 1 јуни ќе почне со олеснување на ограничувањата.
Изминатата недела, Бразил изби на второто место во светот по бројот на заразени, по САД, и има повеќе од 360.000 потврдени случаи на коронавирус и речиси 30.000 смртни случаи.
И покрај ова, претседателот Жаир Болсонаро, кого Ковид-19 го нарекува „мал грип“, ги повика компаниите повторно да отворат.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена