-->
-->
СЗО: Отворањето на уште еден премин во Газа ќе ја спречи гладта
-->
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека само зголемувањето на бројот на копнени премини во Појасот Газа може да ја спречи гладта во густо населената палестинска енклава.
-Неодамнешните напори за испорака на храна по воздушен и морски пат се добредојдени, но само проширувањето на копнените премини ќе овозможи испорака на големи количества храна за да се спречи гладта, рече Тедрос, пренесен од британските медиуми.
Хуманитарната ситуација во Газа е исклучително тешка, бидејќи населението е на работ на глад откако Израел во ноември ја почна воената операција како одговор на нападите на милитантите на Хамас на 7 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата