Македонија
7. July 2024 - 9:34

Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО што ќе се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон. Според информациите од Владата, делегацијата ќе ја сочинуваат и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

На самитот ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на НАТО, а ќе се разговара за сите проблеми и предизвици со кои се соочува Алијансата.