СЗО: Омикрон варијантата на коронавирус утврдена во 63 земји во светот
– Омикрон варијантата на коронавирусот е утврдена во 63 земји во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември.
Според СЗО, варијантата Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци.
Побрзо ширење на варијантата Омикрон е забележано во Јужна Африка, каде што варијантата Делта е помалку распространета, но и во Обединетото Кралство, каде што Делта е доминантна варијанта.
Сепак, поради недостиг на податоци, не може да се каже дали стапката на ширење на варијантата Омикрон се должи на фактот дека таа е помалку подложна на имунолошки одговор, дека полесно се пренесува или е комбинација од двете.
Првичните податоци покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во однос на заразата и ширењето на Омикрон, констатира СЗО.
Досегашните набљудувања покажаа дека Омикрон предизвикува блага форма на зараза или асимптоматски инфекции, но според СЗО, податоците се недоволни за да се утврди клиничката тежина на оваа варијанта.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта