СЗО: Бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа, надвор од употреба се 20 болници во Појасот Газа

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека била бомбардирана болницата Ал Шифа во Газа и додаде дека сега 20 болници во Појасот Газа се целосно вон функција.
- Немам детали за Ал Шифа, но знаеме дека е бомбардирана, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, додавајќи дека на местото имало „интензивно насилство“, пренесе Ал Џезира.
Палестинските власти соопштија дека едно лице е убиено, а неколку други се ранети, пренесе Гардијан.
Има извештаи за интензивни борби меѓу израелските сили и борците на Хамас во близина на болницата Ал Шифа, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои наводно се гледаат повредени луѓе во болницата Ал Шифа, каде што многу жители на Газа се засолниле.
- Ова е чекалната под која се засолниле внатрешно раселените лица, изјави директорот на болницата Медхат Абас за Си-Ен-Ен.
Израелската војска (ИДФ) ја обвинува палестинската милитантна група Хамас дека ги крие своите борци во болниците и дека го користи болничкиот комплекс Ал Шифа како главен команден центар.
Израелската војска стигнала и до болницата Рантиси, во предградието Ал Наср и ја опколила, пишува „Тајмс оф Израел“.
Ново на Сител
-

Села го напушти Ахмети – пратениците ќе делувале како независни
-

Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија
-

Се излеа хемиска пена на булеварот во Автокоманда, Ѓорѓиевски соопшти дека го пронашле сторителот
-

Љубојно 100 дена со протести се спротиставува на сечата
-

Преглед на вестите од светот
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
