СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес

Од СВР Велес попладнево соопштија нови детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес. Новите искази се дадени од сегашниот партнер на убиената Р.К.
На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.
Од СВР Велес информираат дека потоа полициски службеници влегле во домот и го пронашле починат нејзиниот татко К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С., за кој според првичните информации постои сомнение дека откако ги нападнал двајцата, сам се повредил. Тој бил пренесен во болницата во Велес каде лекарите констатирале смрт.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
