-->
-->
СВР Тетово одзеде возило „порше” поради 15 месеци истечена регистрација
-->
Tетовската полиција денес одзеде возило марка „Порше“ поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, информираат од СВР Тетово. Возилото ќе биде задржано на 90 дена.
– Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои вршеле контрола на делницата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
СВР Тетово бележи дека откако стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено околу 30 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател
-
Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид
-
Дефанзивец на Тотенхем во трансфер плановите на Реал Мадрид
-
Анчелоти: Се што е убаво има крај